Дураку: За моја смена, прашајте го Али Ахмети (ВИДЕО)

Министерот за екологија, Садула Дурако, вели дека не знае дали ќе биде сменет од сегашната челна позиција во Министерството за еколоија.



Тој се прослави во јавноста дека не го интересираат тужбите против државата за загадувањето.

На прашање на новинарите, тој се придружи на своите колеги и функционери од редовите на ДУИ кои ставија до знаење дека најаавите за реконструкција на владата и смена на некои министри не зависат од премиерот, туку од лидерот на инегративците.

„Прашајте го Ахмети за ова, јас не знам ништо“, изјави министерот кој на новинарско прашање, одби да одговори на македонски.

Премиерот Зоран Заев најави реконструкција на Кабиетот и засега,во од листта кои треба да заминат, ги иззема четирите актуелни министерки.