Атина испратила дипломатска вербална нота со која ја повика Германија на преговори околу репарациите за штетите во Втората светска војна.



Уште на крајот на април, грчкиот парламент ѝ даде задача на владата на премиерот Алексис Ципрас да побара обесштетување за злосторствата сторени од страна на окупаторската Германија во текот на Втората светска војна.

Во 2016 година експертска комисија дојде до заклучок дека таа отштета би требало да изнесува речиси 290 милијарди евра.

Ципрас изјави дека по истекот на програмите за помош за земјата, која беше пред банкрот, сега е вистински момент за барање обесштетување. Нему му е важно да најде решение со Германија на рамноправно ниво и пријателски, пренесува „Дојче веле“.

Германската влада аргументира дека сите финансиски побарувања на Грција од тоа време се задоволени.