Поранешниот претседател, Бранко Црвенковски, денеска беше домаќин на регионалната конференција на Подгоричкиот клуб на тема „Проширувањето на ЕУ на крстопат“ што се одржа во Скопје од која ја повика Европската унија да покаже лидерство и визија и да ѝ додели датум на земјава за почеток на преговори. .
„Недобивањето на датум за почеток на преговори во јуни, или јули нека биде сеедно, ќе предизвика, големо разочарување и тоа сакам отворено да го соопштам сериозно нарушување на кредибилитетот на Европската Унија и на македонската влада во очите на македонскиот народ и на сите граѓани на нашата земја“, рече денеска
По подолго отсуство од јавни настапи, поранешниот претседател избегнуваше да го користи новото уставно име, забележува Алсат М.
Црвенковски потсети дека отстапката со уставното име била болна и драматична сè со единствена цел, да се одблокира пристапот кон Унијата.
На конференцијата во чиј фокус беше проширувањето на ЕУ учествуваа поранешни лидери на сите земји од регионот.




