„Доколку на Северна Македонија и на Албанија не им се даде датум за преговори за членство, а на Босна и Херцеговина позитивно мислење за поднесеното барање за членство, наместо суштински напредок во регионот ќе има разочарување.
Во однос на најтешките прашања ние го направивме нашиот дел, сега останува на Европскиот совет да го направи својот дел – да им го даде на нашите граѓани заслужениот датум за отпочнување на пристапните преговори.
Секое дополнително одложување на преговорите, ќе ја наруши кредибилноста на ЕУ, ќе ги демотивира гражаните, ќе го забави реформскиот процес и негативно ќе влијае на стабилноста на целиот регион, рече претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на регионалната конференција „Проширувањето на Европската унија на крстопат“ на Подгоричкиот клуб, што се одржува денеска во Скопје.
Претседателот дече дека од Европската унија очекува лидерство и решителност, очекувам неодложно да го одредат датумот за да ги започнеме преговорите за членство.
„Тое е добитна комбинација за сите засегнати страни“, рече Пендаровски.
Извор: НОВА ТВ





