Капитенот на македонската ракометна репрезентација е горд што ваква спортска бајка и се случува на македонска екипа.
“…. во животот освоив многу но ретко кога сум бил среќен како сега.
Македонец сум и горд сум што ваква спортска бајка раскажа македонски тим.
Вардар е во Македонија институција, многу повеќе од клуб.
Вардар е во Македонија тоа што во Хрватска се Хајдук и Динамо. Симбол.
Затоа се надевам дека овој трофеј и ова чудо кое го направија ќе помести некои работи и верувам дека Вардар и понатаму ќе биде голем и моќен”, вели во изјава за индекс.хр Кирил Лазаров по големиот успех на клубот за кој никогаш не заигра.





