Холандски туристи вчера натепале газда на вилата во која биле сместени, потврдија од полицијата.
„Вчера 21.05 часот во полициската станица во Охрид К.М. (69) од Охрид пријавил дека е нарушен јавен ред и мир со физички напад во вила лоцирана на ‘Кеј Македонија’ во Охрид. К.М. пријавил дека тој и неговата ќерка К.К. биле физички нападнати од гости во вилата В.Г.Е.Ј. и А.Т. од Холандија. В.Г.Е.Ј. и А. Т се приведени во полициската станица Охрид и се работи на расчистување на случајот“, соопштија од охридската полиција.
Холанѓаните се најбројни гости на охридската ривиера и не се памети дека некогаш имало ваков случај.
Извор: СакамДаКажам





