Ракометарите конечно полетаа за Скопје

По уште едно, петто одложување, авионот со ракометарите на „Вардар“ во 19,30 часот полетаа за Скопје со специјалниот чартер лет.



По летот што треба да трае нешто повеќе од 2 часа се очекува да слетаат на скиопскиот аеродром по 21,30 часот.

Експедицијата од 50 членови на РК Вардар и  нивните најблиски полета од Келн, заедно со трофејот од Лигата на шампионите.

Поради ова и прославата на плоштадот „Македонија“ ќе биде временски поместена за подоцна…