Трето одложување: „Вардарци“ ќе пристигнат во 20.30 часот

Поради административни причини, авионот со ракометарите на „Вардар“ ќе слета дури во 20 часот и 30 минути, соопшти на Фејсбук градоначалникот Петре Шилегов.



И покрај доцнењето, за кое се вели дека е поради „административни причини“организирана прослава на плоштадот „Македонија“ сепак ќе има.

Првично, беше планирано ракометарите да пристигнат пред полноќ, потоа е објавено дека ќе слетаат по 16 часот, па пред 19 часот…