Македонската радио телевизија ќе врши пренос од пристигнувањето на ракометарите на Вардар, потврдија за „Република“ од МТВ. 



Овој викенд, додека се одржуваше завршниот турнир на ЛШ на кој „црвено-црните“ трипати едно по друго се пласираат, а двапати ја освојуваат шампионската титула, по МТВ се фрлаа дрва и камења бидејќи немаше пренос од двата најважни натпревари на Вардар.

Се очекува ракометарите со чартер-лет да пристигнат во 18.50 часот, а потоа, придружувани од навивачите и сите љубители на ракометот да пристигнат во центарот на градот.