Кандидатите на конзервативната Нова демократија победија на локалните избори во 12 од 13 грчки региони и во повеќето градови. Со тоа е потврден трендот од изборите за Европскиот парламент кои беа одржани во ист ден со првиот круг од локалните избори.
Костас Бакојани е новиот градоначалник на Атина.
Според пребројувањето на 97,8% од гласачките ливчиња, Бакојани добиl 65,3%, додека противникот, кандидатот на владејачката партија СИРИЗА Насос (Атанасиос) Илиопулос освои само 34,7% од гласовите .
Пред тоа Костас Бакојани бил градоначалник на Карпениси, а од 2014 година е гувернер на регионот на Централна Грција.
Костас е син на поранешнaта министерка за надворешни работи на Грција Дора Бакојани и внук на поранешниот премиер Константинос Мицотакис (1918 година – 2017 година) .
Во 2002 година, мајка му, Дора Бакојани, стана првата жена градоначалник на Атина и во тоа својство беше домаќин на Олимписките игри во 2004 година. Сопругот на Дора и таткото на Костас – Павлос Бакојанис е убиен во 1989 година од страна на терористите од левичарската организација “17 Ноември”, која беше разбиена во 2002 година
Братот на Дора Бакојани, Кириакос Мицотакис, лидер на главната опозициска партија Нова демократија, кој победи на изборите во Грција за Европскиот парламент од 26 мај и сега се очекува да победи на предвремените парламентарни избори на 7 јули.





