Академик Ќулафкова за допреното дно: Не сакаат да кажат Македонци и македонски народ

Академик Катица Ќулафкова прецизно детектира дека политичарите на власт не сакаат да ги користат зборовите за кои се бореле и гинеле генерации и генерации.



Некогаш странците беа тие со кои имавме проблем, сега негаторите се меѓу нас.

“Драги Михајловски напиша роман Дискантрија, алудирајќи на странците кои избегнуваа да изговорат #Македонија. Сега дотеравме до тоа , дома, политичкиот врв да избегнува да каже македонски народ и Македонци. Сега сме #нашатаземја Врвот го допре дното”, пишува академикот која во МАНУ води жестока битка за зачувување на идентитетот без да добие поддршка од поголем број од колегите во нејзината битка за Македонија.