Николовски: Ако бараат амнестија за Заев, нема помирување

Помирувањето го замислуваат на начин што сакаат да испреговараат со ВМРО-ДПМНЕ амнестија за Зоран Заев, неговото семејство и останатите во однос на гонење по криминалите што ги имаат правено во изминатиот период. Ако така го замислуваат помирувањето, помирување нема да има, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.



За Договорот од Преспа, Николовски вели дека „не фати корен во Македонија. Поразговарајте со секого надвор, ќе ви каже дека не поддржува промена на името. Во Македонија тоа се покриваше во одредени структури со – Ајде мораме да поддржиме промена на името за да живееме подобро. Еве го подобриот живот не доаѓа. Втора година со ред не почнуваат преговори за членство со ЕУ“.