Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска која е единствената што опстана во смените на Заев во врвот на СДСМ се прогласи за човек што успеал да ја промени реалноста која траела долго време.
Епитетот “менувач на реалноста” таа го дава и на своите партиски другари од партијата и владата.
“Во политиката и бизнисот се користи зборот game-changer за човек, луѓе или настани кои ја променуваат реалноста/ играта која траела со години или децении. Денеска можам да кажам дека ја одигравме улогата на game-changers”, напиша Шеќеринска по повод 2 години од фирмирање на владата за која таа смета дека работела одговорно.
Шеќеринска која на врвни позиции во политиката е речиси 3 децении не кажа дали промените што ги направила таа и другарите се позитивни или негативни.





