Специјално брендиран двокатен автобус на ЈСП „Скопје“ е превозното средство со кое заменик-претседателот на Владата, Бујар Османи, и неговата придружба симболично тргнаа „заедно кон ѕвездите“, како што на три јазика пишува на даблдекерот, односно кон Европска унија.
„Имаме право да бидеме горди затоа што ги отстранивме сите пречки, ги создадовме сите услови, и како што е прецизно наведено во Извештајот на Европската комисија, создадовме држава подготвена за старт на преговорите,“ истакна Османи, уверувајќи ги граѓаните дека перспективите набргу ќе се претворат во реалност. „Ве уверувам и ве повикувам: не се воздржувајте да бидете горди, не се плашете да бидете оптимисти – Република Северна Македонија ќе ги почне преговорите со Унијата оваа година!“, изјави Османи на паркингот пред скопско Кале.




