Вулин до Пендаровски: Ако молчи за „Голема Албанија“, нека молчи и за Србија!

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин жестоко реагира на изјавата на северномакедонскиот претседател Стево Пендаровски дека идејата за размена на територии меѓу Србија и Косово е „грозна“.



„Пендаровски малку се прашува за иднината на Северна Македонија, но сака да се прашува за Србија. Како Србија ќе го реши своето внатрешно прашање не е тема за претседателот на Северна Македонија, нашиот јужен сосед. Ако идејата на разграничувањето е ‘грозна недостојна за 21. век’, тогаш би можел да го повлече признавањето на Косово од почетокот на 21. век или да ја осуди НАТО-агресијата на СРЈ од дамиот крај на 20. век., која доведе до етничко чистење на Србите од Косово и Метохија“, изјави Вулин.

Според него, Пендаровски на Србија ѝ должи почитување, а на својот народ да му каже што мисли за идејата на косовскиот претседател Хашим Тачи и на албанскиот премиер Еди Рама за „Голема Албанија“.

„Не прошуштил Пендаровски веројатно да вбиди дека на картата на ‘Голема Албанија’ е половина Северна Македонија? Ако не ја видел таа мапа, нека му ја покаже претседателот на Собрание, Џафери, тој со задоволство и пред камерите ја покажува. Ако молчи за ‘Голема Албанија’, слободно нека молчи и за Србија“, му порача Вулин на Пендаровски.