Судија прашува каде се Катица, Фатиме, Ленче и другите?

Судијата Владимир Панчевски со назнака ЕКСКЛУЗИВНО поставува јавно прашање каде се обвинителите од СЈО последниве 100 дена.



“Да ве прашам знае ли некој дали последниве три месеци каде се Катица Јанева и нејзиниот тим нешто се изгубија со преговориве???

Или барем дали примаат плата месециве зошто ние не треба да ги заборавиме нивните плати од околу 300.000 евра месечно буџетски средства”.

Веќе подолг период Катица Јанева и нејзиниот тим не објавуваат активности на специјалното јавно обвинителство.

Во последната изјава за медиумите Јанева имплицираше дека никој не може да ја смени од нејзината позиција.