По вчерашната шокантна вест дека момчето Пино Секондо клој шест месеци се водеше како „исчезнат“ бил убиен, а телото му било откриено пред еден месец, на Фејсбук реагираше, Маја Трпковска, мајката на убиениот.
Таа им се заблагодари на сите кои во изминативе месиеци безуспешна потрага се обиделе или и пружиле помош да се открие вистината за Пино.
Но, порача дека нема да се откаже во барањето правда и дека очекува за убијците најстрога казна.
Еден од осомничените за убиството со иницијали Ф.А. е во бегство, а во полиција е приведена и А.Ѓ. девојката на убиенииот.
Медиуми дознаваат дека Пино бил застрелан со пушка уште истиот ден кога „исчезнал“ некаде во близина на атарот на селото Арачиново, а неговиот скелет бил откриен во атарот на село Љуботен на малку пристапен терен.
Останките од телото ги открил граѓанин и ја известил полицијата на 29 април.





