Камион оштетил натпатник на новиот автопат Кичево-Охрид

Камион удрил и го оштетил натпатникот кај селото Песочани на делницата на автопатот во изградба Кичево Охрид. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов за вели дека натпатникот не е загрозен и нема опасност да се урне.



„Камион на градежната фирма ‘Илинден‘ која работи на патот, кога минувал под натпатникот бил со дигната приколка и удрил во една од бетонските греди, при што таа е оштетена. Сега се работи на најзино менување, а песокот под преминот е ставен како потпора за да ја симнат оштетената греда. Натпатникот не е загрозен“, вели директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов., пренесува СакамДаКажам.