Незадоволен работник во градската комунална служба вчера уби 11 лица и рани четворица откако пукал во зградата на општината во Вирџинија Бич, во едно од пооследните ммасовни убиства во САД..
Властите соопштија дека вработениот отворил оган и пукал „неселективно“ во општинската зграда во Вирџинија-Бич, во која се сместени неколку градски оддели.
Четири полицајци се ангажирале и успеале да го совладаат напаѓачот кој бил вооружен со пиштол калибар 45 калибар со пригушувач. Тој починал на местото на настанот.
Полицијата го идентификуваше осомничениот, но пред да биде известено неговото семејство, не го соопштија името.
Шефот на полицијата во Вирџинија Бич,изјави за новинарите дека „Ова е катастрофален инцидент кој ќе ги промени животите на голем број семејства од нашиот град“.





