„Исчезнатиот“ Пино бил убиен

Денеска Единица за насилен криминал при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Ф. А. (27) и А. Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело убиство.



Лицата се сомничат за убиство на Пинета Секондо, кој на 11.12.2018 година бил пријавен за исчезнат.

На крајот на април (29.04) граѓанин  пријавил дека во атарот на село Љуботен се пронајдени ќовечки останки покриени со камења.

По ова биле преземени оперативно тактички мерки и дојдено е до сознание дека извршители на убиството се споменатите Ф.А. и А.Ѓ.

По лицето Ф.А. распишан е централен распис, а вчера А.Ѓ. била лишена од слобода.

Извор: 24 Инфо