Братот на лицето кое стои зад профилот Ел Чека, и кој ги објавува таканаречените „бомби“ за ДУИ, се обрати до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку порталот „Лајмпрес“.
„Здраво, јас сум брат на Ел Чека. Сакам јавно да му кажам на Спасовски за налогот за апсење издаден против мојот брат, треба истиот налог за апсење да го издаде и за неговиот лидер Зоран Заев.
Мислам дека зборуваме за исто дело, како што ги објави Зоран Заев, истото го стори и мојот брат Ел Чека. Законот треба да биде ист за секоја личност, без разлика на која позиција е“, ја пренесува Лајмпрес поораката од лицето кое се претставува како брат на Ел Чека, но не се споменуваат имиња .





