Пратеникот Антонијо Милошоски побарал информации за советникот Љупчо Зафировски кој според Заев има пристап до дипломатските делови на кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон.
Милошоски денеска писмено побарал Заев да одговори на пратеничко прашање така што ќе го објави договорот со советникот и ќе ја објави неговата биографија.
Заев вчера рече дека Зафировски помагал во евроинтеграциите а земал 1200 евра затоа што престојувал во Франција каде што е поскапо.




