Профил со фотографија и името и презимето на премиерот Зоран Заев објавува прислушувани и тајно снимени разговори меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и Муса Џафери.
Овој профил е поставен на социјалната мрежа youtube и на него има објавено три видеа меѓу кои едно е за Пописот од 2011 година.
Youtube е видео сервис на пребарувачот Google кој вообичаено по кратка постапка ги брише лажните профили особено ако направат вакво сериозно прекршување на стандардите на социјалната мрежа како крадење на идентитет или објавување тајни приватни разговори.
Линк до профилот кој се претставува како Зоран Заев на youtube.





