Никој не (ќе) смее да ги напаѓа докторите

Нацрт законот за лекарска дејност, предвидува лекарите во иднина да имаат статус на службени лица кои вршат службена дејност и секој напад врз нив додека ги извршуваат работните задачи ќе се смета како напад врз службено лице.



Во образложението за носење ваков закон стои дека Лекарската комора во повеќе наврати барала лекарската дејност да се уреди со посебен закон.

„Лекар може да одбие да укаже лекарска помош на лице кое се заканува или физички агресивно се однесува кон него и другите здравствени работници или тоа го прават членови на неговото семејство.

Исклучок од ова правило е само ако станува збор за итни случаи. Доколку на лекарот во вакви случаи му е обезбедена заштита од полиција или друг вид на заштита должен е да укаже медицинска помош“ предвидува нацрт-законот, дознава порталот СакамДаКажам.