Проверете ја постелата – Кавадарчанка касната од поскок

Жителка на Кавадарци морала да прими серум против змиски отров откако во својата постела била касната од змија отровница, пренесува МИА.



Раководителот на Брзата помош во Кавадарци, Драган Димитров соопшти дека настанот се случил во вторникот, а според кажувањата на каснатата, најверојатно се работи за змија поскок, која избегала од постелата и сѐ уште е во куќата.

Пред околу две недели, во Кавадарци, од змија бил каснат и повозрасен маж кој бил нападнат додека го фрлал отпадот во кој се била вовлекла отровницата. Во болница морал да помине два дена.

Како што пренесува МИА, повикувајќи се медицински извори, двајцата пациенти се во добра состојба.