Српскиот министер за надворешни работи повторно запеа – овој пат во Паралија на отворањето на Канцеларијата на Единствена Србија во тој грчки град.
На свечената вечера која претседателот на Единствена Србија, Драган Марковиќ Палма, ја организираше за околу 1.200 бизнисмени, Ивица Дачиќ пееше позната грчка песна, а потоа следуваа и други.
На крајот, според грчкиот обичај, министерот скрши чинија, објави ТВ Прва.





