Институтот за економски истражувања Фајнанс тинк оценува дека, додека Извештајот на ЕК за Македонија позитивно ги оценува преземените чекори во делот на одблокирањето на евро-атлантските процеси, оценката за економскиот амбиент е значајно поограничена.
Фајнанс тинк оценува дека напорите и потезите на носителите на економските политики се вреднувани на сличен начин како лани, без нотирање особен напредок.
Ваквата оценка на економските политики и потези на Владата е во целосна согласност со укажувањата на домашната експертска јавност за отсуството на посветеност кон целта и меѓусебната усогласеност на економските политики, како и недоволниот капацитет за испорачување економски реформи на повеќе фронтови.
„Значајно ограничениот простор посветен на економијата (особено споредено со просторот посветен на политичките критериуми), како и користените изрази „одреден напредок“, „остануваат клучните слабости“ и нагласениот недостаток на долгорочни потези во економските одлуки укажува дека напредокот во економските политики и реформи и понатаму стагнира.
ЕК констатира дека макеоднската економија по стагнацијата, во последната година бележи одреден напрeдок, но бара властите да воспостават контрола на задолжувањето и трошењето на парите, како и да се ангажираат за реализација на планираните капиталните проекти.
Препорачува исто како и преходно справување со сивата економијата, како и реформирање на образовниот систем во согласност со потребите на пазарот на труд.
Министерот Тевдовски пак задоволен, смета дека извешртајот јасно ги потенцира сите реформи кои ја носат земјава напред.





