За прв пат во историјата, Австрија доби канцеларка

Австрискиот претседател Александар ван дер Белен ја именуваше денеска Бригит Бирлајн, актуелна претседателка на Уставниот суд, да формира нова преодна влада во Австрија.



Бирлајн, која важи за лице со конзервативна политичка ориентација, е првата жена во историјата на Австрија која е поставена на функцијата канцелар.

Таа,  од  2018 година е претседател на Уставниот суд и се смета натпартиски кадар.

Бирлајн сега треба да формира преодна влада, која ќе функционира до формирањето на новата влада по предвремените избори, кои треба да се одржат во септември.

Претседателот Ван дер Белен,  рече дека е договорено привремената влада да биде составена од експерти, за што парламентарните партии постигнаа консензус.