Одгововарајќи на прашање од претеникот Антонијо Милошоски, зошто неговиот советник Љупчо Зафировски зема месечен надомест од 75.000 денари, премиерот Зоран Заев на денешната седница објасни дека тоа било затоа овој советник поголемиот дел од времето го поминува во Франција.
Сепак, премиерот рече дека сега прв пат слушнал колкав е месечниот хонорар на Зафировски кој е советник за олеснување на процесот на пристап до ЕУ .
„Тој има врски во дипломатскиот дел до кабинетот на Макрон и со Владата во Франција, која има малку инфо за она што се случува тука. Некогаш се потребни повеќе информации за да го привлечеме кабинетот на Макрон на наша страна. Знаете дека Франција, Холандија и Данска беа со резерва за проширувањето на ЕУ кој Македонија. Неговиот ангажман е поголем затоа што поголем дел поминува во Франција, трошоците таму се поголеми и законот го дозволува тоа. Затоа таа определена сума“, рече Заев.




