Претседателот на Демократската партија на Србите, Стоилковиќ, вели дека ќе гласа против одлуката на Никола Груевски да му се одземе пратеничкиот мандат. „Образложенија имам мал милион, од човечки до политички. И замислете ќе се гласа за одземање мандат на пратеник кој доби најмногу гласови на парламентарните избори, пратеник кој победи во директна пресметка со наметнатиот премиер и за таа одлука ќе гласаат луѓе кои ни нивните домашни не би ги избрале да водат куќен совет“, вели Стоилковиќ за МКД.Мк по вчерашната одлука на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски поради неоправдано отсуство повеќе од шест месеци.



Тој оваа одлука ја сподели и на Фејсбук.

Извор:МКД.Мк