Во понеделникот на 27 мај 2019 година во вечерните часови се случил инцидент во с. Желино, кога при интервенцијата на брзата помош физички е нападната екипата од доктор, болничар и возач од група од околу десетина граѓани кои не биле задоволни од интервентноста.
Екипата на брзата помош од здравствениот дом Тетово се здобиле со скршеници и тешки телесни повреди од претепувањето.
Во врска со инцидентот локалните претставници на опозицијата го прашуваат министерот Филипче дали е ваква ли е европската заштита и грижа за здравствените работници и дали вака ли се заштитува од повреда личниот интегритет на здравствените работници?
“Почитувани,
Здравствените работници во Македонија се понижени и нивното достоинство е симнато под секое ниво на човечност. Граѓаните ја изгубија довербата во овој министер . Состојбите од ден на ден стануваат се полоша а за тоа Одговорност мора да има!
Апелираме до власта да ги пронајде и казни сторителите на ова кривично дело брзо и ефикасно, а Министерот за здравство да преземе одговорности за Хаосот за здравството која е резултат на непрофесионалното раководење .
Метлата мора да зачисти насекаде, почнувајќи од министерот па до директори на здравствените установи”, пишува во обраќањето на ВМРО-ДПМНЕ од Тетово.




