Објавувањето на снимката има за цел да се направи политичка штета на владејачката структура, а ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт, вели пратеникот, Павле Богоевски, во интервју за неделникот „Фокус“.



На снимката, имено, се слуша како Богоевски порачува нешто за кое вели дека е лек, иако законинте во земјава го третираат за забранета супстанца.

Богоевски во интервјуто за „Фокус“ вели дека „порталите кои први се нафатија да ја објават и да ја шират, ми укажува на тоа дека опозициски структури стојат зад оваа снимка“.

„Не мора лично тој да е, но дека е од луѓе кои ја имале седницата за мандатот на Груевски на ум кога ја објавувале снимката не се сомневам.

Богоевски поднесе оставка на пратеничкото место, но таа ќже стапи во сила кога ќе еу биде одземен на пратеникот Никола Груеегвски кој има стасус на азилант во една земја на ЕУ.

Извор: Фокус