Професорката Мирјана Најчевска се огласи на Фејсук каде објави дека очекува во најскоро време да бидае повикана од кабинетот на премиерот Зоран Заев за нејзината нова функција: советничка за балет и сродни уметности.
Најчевска му постави и услови на премиерот:
„Не се согласувам да имам ни денар помалку од Цветанка Ласкова (со која ќе комуницирам на дневна основа) или од она детето, како се викаше? аааа, да, синот на Нано Ружин од кој очекувам да ме запознае со ноќниот живот по франкофоните метрополи.
Со Венко Андоновски не би се дружела. Некако досаден е бре, а и може веднаш да ми се наџитка да ми пишува биографија. Не фала“, напиша Најчевска.





