Македонија доби уште една позитивна препорака за ЕУ

Безусловен почеток на преговорите со С. Македонија и Албанија, препорача Европската комисија во Извештајот објавен денска.



Според Медиумската новинска агенција (МИА), Комисијата препорачала Советот да почне преговори за да се поддржи реформскиот процес во земјата

Во заклучоците на Европската комисија стои дека е потребна примена на засилен пристап за преговарачките поглавја во делот на судството и темелните права, правдата, слободата и безбедноста во земјата.

Во извештајот на Европската комисија стои дека земјата бележи напредок во сите области, особено во клучните реформи поставени лани од Советот и дека одржува стабилен чекор во реформите.