Венко Андоновски сам барал проекти од Заев

Писателот Венко Андоновски кој е нов советник на премиерот сам барал владата на Заев да спроведе два негови проекти од кој одобрен е еден.



За 40 илјади денари месечно Андоновски е ангажиран за проектот со чуден наслов „Осмислување на структурата и функцијата, изготвување и испитување конкретни можности на терен за отворање на државен Македонски центар за култура во Србија“.

Тој во интервју за „Фокус“ објаснува како се случила соработка со Заев и за што ќе го советува Заев.

Иако лани во август тој заедно со Милан Кундера и 74 други македонски интелектуалци се потпиша на писмо против промена на името и идентитетот на државата сега Андоновски нема проблем да го користи новото име против кое јавно се бореше.

„До соработката меѓу мене и Владата на Република Северна Македонија дојде исклучиво по моја иницијатива. Отсекогаш и пред претходните влади сум доставувал идеи и иницијативи за подобрување на статусот на македонската култура. Така, без оглед на „левата“ или „десната“ ориентација на владата, сум давал свој професионален прилог за сочувување на македонскиот јазик и литература. На пример, работев како редактор на проектот „500 томови светска книжевност на македонски јазик“. Редакцијата на тој проект се сеќава дека на тогашниот премиер му советував да бидат само 100 до 200. Сега предложив две лични авторски идеи за два проекта. Еден од нив ѝ беше предложен и на претходната влада, која немаше интерес за тоа. На мое изненадување, оваа влада покажа интерес за нив“, го вели Андоновски за Фокус.

Целиот разговор со Андоновски на овој линк