ВМРО-ДПМНЕ до пратениците: Постапете според законите и Уставот за мандатот на Груевски

По консултациите со пратеничката група врз основа на дискусијата на затворената седница на Извршниот комитет, ВМРО-ДПМНЕ ги повика пратениците на утрешната седница во однос на мандатот на почесниот претседател Никола Груевски да постапат според законите и Уставот.



„Апелираме и ги охрабруваме пратениците во Собранието на Република Македонија да постапат на начин на кој неселективно ќе ги почитуваат законите и Уставот и во случајот со пратеникот Никола Груевски. Доколку се исполнети условите согласно закон и Устав за престанок на мандатот на г-динот Никола Груевски тогаш апелираме и ги охрабруваме пратениците во Собранието на РМ да постапат согласно законите и Уставот на Република Македонија“, соопштија од најголемата опозициска партија.