Денот кога ќе биде поништен договорот со Грција за името ќе биде најголем македонски датум, вели лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада (ММДЧП) Бил Николов кој е уверен дека тоа ќе се случи еден ден.
“Низ историјата имаме датуми кои сите #Македонци ги слават:
Илинденското востание, раѓањето на Гоце Делчев, независноста на Република #Македонија. Денот кога ќе пропадне Преспанскиот Договор и апсењето на Зоран #Заев ќе бидат меѓу нив.
ЌЕ БИДЕ ЕДЕН ДЕН”, пишува Николов традиционално користејќи го хаштагот
#НашетоИмеЕМакедонија




