Новиот генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски не открива кој и со какви аргументи го критикувал премиерот Заев на централниот партиски одбор.
Запрашан дали освен критиките од Заев кон своите сопартијци на собирот на СДСМ на кој што беше сменета целата раководна гарнитура и премиерот добил критики од своите сопартијци Николовски избегнува да каже конкретно дали имало удари во двата правци.
На интервју за телевизијата 1тв Николовски од водителот Сашо Ордановски доби прашање дали и премиерот добил критика од своите партиски другари но генсекот не даде конкретен одговор.
Избегнуваји да даде одговор на прашањето „дали некој собрал кураж на Заев да му каже дека не е во право“ Николовски најпрво рече: Апсолутно, но потоа го избегнува одговорот и зборува дека во раководството на партијата секогаш имало луѓе што различно дискутирале од претседателот но не кажа дали, кој и со што го нападнал Заев на Централниот одбор.
Освен премиерот Заев и вицепремиерката Шеќеринска, завчера СДСМ ги смени сите високи партиски функционери. Медиумите досега не објавија дали Заев добил критики од партиските другари.
Делот од интервјуто на Николовски после 15 минута во видеото




