Корнелија Нинова , лидер на Бугарската социјалистичка партија (БСП) поднесе оставкасоопшти ова за време на отворањето на седницата на Националниот совет на партијата , објави новинската агенција ФОКУС.
Нинова инсистира за свикување Конгрес и стартување на процедура за директен избор на претседател на БСП.
Откако социјалистите изненадувачки завршија на второ место со сериозна разлика од 5% во однос на владејачката ГЕРБ, на изборите за Европскиот парламент, Нинова констатираше дека левицата – загуби.
„Ги изгубивме оваа избори“, рече таа и посочи дека одлучила да започне процедура за избор на претседател на партијата според нов статут.
„Мислам дека ова е политичка одговорност“, рече Корнелија Нинова.





