Интегративците започнаа со проверка во своите редови и целосна пререгстрација на членството, најави Артан Груби според кој во партијата ќе прават свој ветниг, по што ќе следуваат и внатрепартиските избори.
„Зачленувањето во ДУИ ќе трае до 5 јуни и отпосле работната група од партијата ќе ги разгледува сите аапликации и ќе одлучи за секоја апликација поединечно. Тоа е првиот ветинг во рамките на партијата, додека второстепениот ветинг за извршување на функција за избрани и именувани лица ќе треба да го почека законот но тоа не е пречка за ДУИ да направи проверка на кандидатите-истакна Груби“ дознава Pressing.mk.
Информацијата предизвика и реакции на социјалните мрежи





