Откако стотина граѓани во Србија, Македонија, Бих и Словенија останаа измамени, без пари и без мебел за кој платиле во фирмата „Нефа мебел, која ги затвори вратите а газдата побегна во Русија, не е јасно како измамените да ја истуркаат правдата.



Финансиска полиција ќе го проверува работењето на фирмата, инспекциските служби ги повикаа оштетените да пријавуваат, а во медиуми се појавија информации дека тие своите права же мора поединечно со тужби на суд да стигнат до правда.

Но, адвокатот Александар Тортевски на Твитер порача дека тужби нема да им помогнат на измамените.

Нефа мебел се затвори преку ноќ. Во Македонија, компанијата има 3 продавници во Скопје – во Сити мол, Капитол Мол и ГТЦ, и во Велес, Гостивар, Прилеп, Битола, Тетово, но деновиве сите одеднаш затвориле, а купувачите велат дека продавачите кои биле внатре не можеле да им дадат информации како да ги добијат нарачките. Исто така, избришани се и српската и македонската веб страница и Фејсбук и Инстаграм профилите.