ВМРО-ДПМНЕ бара Шилегов да се извини за навредите

Нивото на политичка комуникација и начинот на кој што Шилегов настапува во јавноста е срамен и недоличен. Неговите испади и неможноста да се контролира не може да се оправдаат со нервозата, личната некултура и вулгарноста, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ по навредите изнесени на адреса на оваа партија од страна на градоначалникот..



„Згрозени од неговите настапи, бараме Петре Шилегов јавно да се извини за изнесените навреди и говор на омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Во спротивно ќе бидат преземени сите законски мерки за санкционирање на неговото однесување. Ваквиот примитивен речник со навреди и говор на омраза не е нов за Шилегов“, се вели во партиското соопштение 

Одговарајќи на новинарско прашање околу оставките во СДСМ, Шилегов рече дека ВМРО-ДПМНЕ  промовира простотилак и фашизам.

„… уште пред седницата на Централниот одбор вчера, јас истакнав дека наша задача како луѓе е победата којашто ја имаме на претседателските избори и да креираме внатрепартиски политики коишто ќе верификуваат таква идна победа на парламентарните избори со цел во Македонија конечно да ги елиминираме простотилакот, примитивизмот и фашизмот што го промовира ВМРО-ДПМНЕ во последните 15 години“.