Падна владата на канцеларот Себастијан Курц


Владата на австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска не го преживеа гласањето доверба во парламентот, по корупцискиот скандал во која бепше замешан сега веќе бившиот вицепремиер Хајнц Кристијан Штрахе.



Курц требаше даостане на чело на владата се до изборите што ги закажа за септември. Сега претседателот Александар ван дер Белен ќе номинира технички премиер до изборите.

Курц беше симнат од власт со гласовите на Социјалдемократската партија и Партијата на слободата.

Социјалдемократската партија на Австрија (СПО) поднесе барање да се изгласа недоверба на  владата на премиерот, откако го обвини шефот на владата за неприфаќање на парламентарната дипломатија и за желбата да владее сам со земјата.

Лидерката на СПО Памела Ренди Вагнер побара изјаснување на пратениците истакнувајќи дека политиката на Курц по втор пат ја турка Австрија кон нови избори.

„Сакате поддршка за владата која нема парламентарно мнозинство. Барате доверба за влада која сами ја формиравте, без вклучување на опозицијата“ рече таа.

“Не уживате доверба кај СПО и затоа поднесуваме барање за изгласување  недоверба на владата”, рече Вагнер.

На вонредна седница на парламентот пратеникот на СПО Јерг Лајхтфрид го критикуваше премиерот дека без консултации со парламентарните партии распиша предвремени избори.

Австрија се најде во сериозна криза по скандалот по објавување на видео-снимката поради која оставка досегашниот вице-канцеларот
Хајнц Кристијан Штрахе .