Предвремените парламентарни избори што ги најави синоќа грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе се одржат на 30 јуни, дознава „Катимерини“.



Ципрас в недела, веднаш по зџавршување на вториот круг на локалните избори ќе има средба со претседателот на државата Прокопис Пацвлопулос сод кој ќе побара распуштање на парламентот и распишување на предвремени избори.

Оставката на Ципрас доаѓа по вчерашниот пораз на изборите за Европскиот парламент, на кои владејачката СИРИЗА доби 9,5 % помалку гласови од опозициската Нова демократија.