„Јас заедно со другите другари, потпретседатели на Социјалдемократскиот сојуз во текот на минатата недела ги понудивме нашите оставки и вчера Централниот одбор ги прифати“, изјави денеска Петре Шилегов, еден од шесте досегашни потпретседатели на СДСМ.
Шилегов вели дека оставка поднесуваат луѓе со интегритет и побара да се прави разлика меѓу термините разрешен, сменет и дадена оставка.





