Лидерот на евроскептичката партија Најџел Фараж денеска побара место во тимот за преговори за Брегзит, откако неговата партија победи на изборите за Европскиот парламент и предупреди дека ќе ја “„преврти“ британската политика, доколку негово барање не биде прифатено, пренесе Ројтерс.
Од вкупно 64 пратенички места, Партијата на Фараж партија освои 28, Либералните демократи 15, Лабуристичката партија 10, Зелените- седум места, Ториевците три и Партијата на Велса едно место.
Според Фараж, двете најголеми британски партии „би можеле да извлечат голема поука“ од резултатот, пренесе Би-би-си
„Мораме да станеме дел од тимот сега, тоа е сосема јасно”, истакна Фараж.
По неколку пати одложуваното напуштање на ЕУ, (за што граѓаните се изјаснија на референдумот во јуни 2017) Фараж најави дека Обединетото Кралство мора да излезе од ЕУ на 31 октомври.
Фараџ се залага за напуштање на ЕУ без договор, истакнува британската агенција.
Британбската премиерка Тереза Меј поднесе оставка на функцијата која ќе стапи на сила на почетокот на јуни токму поради тоа што н е успеа да истурка договор за напуштање на ЕУ меѓу Лондон и Брисел.




