Според Куновска Заев не ги разбрал добиените пораки

Екс пратеничката на СДСМ Софија Куновска испрати „Мал писмен придонес” до Заев и Централниот одбор на СДСМ.



Според Куновска Заев греши кога тврди дека пораката од јавноста е примена и таа била смена во партијата поради покажаната ароганција, неисполнетост на очекувањата и недостапност за граѓаните.

Куновска вели дека Заев погрешно ги толкува пораките од граѓаните

“Отсуството на правна држава, корупцијата, непотизмот, пазарењата, непочитувањето на законите, претоварената администрација, лошите кадровски политики, криминалот, немањето реформски капацитет, нерасчистувањето со Скопје 2014, загадениот воздух, неефикасноста на јавните сервиси, лошото образование, бројчаникот, отсуството на културни политики, несправувањето со криминалот од минатото и истите практики како претходната власт”, се причините заради кои не и се верува на оваа власт според Софија Куновска екс функционер и актуелен член на СДСМ.