„Ние ги решивме најголемите проблеми на оваа земја. Не гледам причина Зоан Заев да поднесе оставка, изјави лидерот на СДСМ на вечерашнава прес конференција одговарајќи на прашање дали како чин на одговорност и тој е подготвен да даде оставка.
„Го сплотивме мултиетничкото општество и одиме напред. Новото министерство за затворање на Рамковниот договор е чекор кон тоа. Имаме фантастични економски резултати, со влегувањето во НАТО очекуваме економски бум, извозот е зголемен, 19 странски инвестиции имаме,
Не ми паѓа на памет Зоран Заев да поднесе таков чекор“, рече Заев кој вечерва соопшти дека е распуштен Централниот одбор на СДСМ, шесте потпретседатели на партијата, генералниот секретар на партијата.
Претходнои, Заев побара оставка од првите луѓе на 78-те општински организации на СДСМ.
Тој најави и смена на најмалку тројца министри во владата…




