Грчкиот премиер Алексис Ципрас вечерва изјави дека ќе побара предвремени парламентарни избори во земјата по 2-ти јуни, објавија Ројтерс и АФП.
„По вториот круг од локалните избори (на 2-ри јуни), ќе побарам од претседателот на државата веднаш да свикапарламентарни избори”, рече Ципрас во телевизиското обраќање , пренесе АФП.
Претходно, лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, која води на изборите за Европскиот парламент, Киријакос Мицотакис, повика на оставка на Алексис Ципрас.
„Премиерот мора да ја преземе одговорноста и тој мора да поднесе оставка, а земјата ќе да оди на национални избори што е можно поскоро”, рече Мицотакис.
Конзервативната партија Нова демократија освои 33,07 отсто од гласовите на евроизборите и моментно води со над 9 проценти пред владејачката СИРИЗА на Ципрас,покажуваат прелиминарните резултати,





