Хаос од логика: Заев враќа “најдобар министер” од владата во СДСМ

При промоција на новиот генерален секретар на СДСМ премиерот Заев изјави дека Љупчо Николовски веќе нема да биде министер за земјоделие иако бил еден од најдобрите министри.



Според Заев Николовски како генсек на СДСМ ќе работел за граѓаните.

Зошто Заев го повлекува својот според него “најдобар министер” за кој му бил чест да биде во владата и зошто тој би работел за граѓаните како партиски функционер а не како министер засега никому не му е јасно.